14 C
Skopje
среда, септември 23, 2020

Лидер продолжува со истражување на аферата „Фармагејт“, идентификува лице кое e „кум“ на фармацевтската мафија во Македонија

275

Во првиот и вториот дел од истражувањето на „Економски Лидер“, беа откриени четири компании кои се дел од фармацевската мрежа за извлекување на државни пари преку тендери, а сега во неговото истражување се изразува сомневње дека лицето коешто е означено како главен човек за ваквите нелегални трансакции е поврзан со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и неговиот министер за надворешни работи, Венко Филипче.

Притоа Редакцијата на „Економски Лидер“ истакнува дека преку сведоци, документи и аудио и видео-записи е подготвена да ги докаже сите тврдења во случај на тужба од некој од споменатите.

„Статистички увидовме како овие компании прават екстра профити на државна сметка и како се поврзани со политичари. Во третиот дел одиме чекор понапред и ја откриваме главата на целиот овој процес, во кој се вмешани многу повеќе од овие четири компании. Сите податоци кои ќе ги изнесеме во третото продолжение ни се поткрепени со докази како сведоштва од луѓе, снимки од безбедносни камери и длабински финансиски анализи. Доколку било кој од споменатите сака да започне судски процес за пишувањата, подготвени сме да ги извадиме доказите“, пишува порталот.

 

Кој е Стојан Ангелов?

Стојан Ангелов е Македонец кој има околу педесетина години и е родум од Струга. Од својата 19-та година тој живее и работи во Прага, Република Чешка. Од сиромашен емигрант, овој нашинец успеал да стигне до ниво да биде еден од побогатите жители на Прага. Во Чешка поседува хотели, ресторани, деловни простори кои ги изнајмува, печатници, ланец на сувенирници.

Како Стојан се збогатил, Никој не знае, но јасно е дека има акумулирано огромен капитал, се наведува во написот.

Во Македонија, тој е практично сопственик на компанијата „ИЦС системи“, која има добиено милионски тендери за осветлување од општина Куманово и општина Охрид.

Иако тој не фигурира на хартија, „Економски Лидер“ преку следење на меѓународни трансфери, обезбеди докази дека токму тој и луѓе вработени во неговото опкружување менаџираат со оваа македонска компанија.

Како што дознаваме, кај него во Чешка гости биле и градоначалници, кои лично со него договарале тендери за осветлување.

Кон крајот на 2016 година, на гости кај Стојан Ангелов во Карлови Вари и во Прага бил и поранешниот премиер Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче и една дама, која е е непозната за македонската јавност, а се бави со медицина и живее во Германија.

Како овој човек стана „фармацевт“?
Стојан Ангелов никогаш немал никаква врска со фармацевсткиот бизнис, но, веднаш по интензивната комуникација со Филипче, Заев и докторката од Германија, тој на голема врата влегува во овој бизнис, кој за многу кратко време значително го освојува.

Од есента 2017 година, па наваму, Ангелов по претходно најавени и закажани состаноци по асистенција на министерот Венко Филипче, ги посетил речиси сите веледрогерии и на нивните сопственици им се претставувал како човек зад кој стои лично Зоран Заев и дека сите активности во областа ќе мора да ги координираат преку него.

Дилот кој им го понудил Ангелов, според фармацевските менаџери со кои разговаравме, подразбира делења на профитот 50:50.

„ЗА ВОЗВРАТ НИ СЕ НУДЕШЕ ПАКЕТ НА УСЛУГИ КАКО ЗАШТИТА ОД МИНАТИ И ИДНИ НЕЗАКОНСКИ ДЕЈАНИЈА, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОМЕТОТ, ПРИОРИТЕТ НА НАПЛАТА НА ФАКТУРИТЕ, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПОРТФОЛИОТО СО НОВИ ФИРМИ ЧИИ ЛЕКОВИ БИ СЕ ПРОДАВАЛЕ И МНОГУ ДРУГИ ЗАКОНСКИ И НЕЗАКОНСКИ РАБОТИ“, раскажува за Лидер добро позициониран менаџер од фармацевтската индустрија.

За да ја демонстрира својата моќ, релевантност и веродостојност, Стојан Ангелов пред соговорниците им се јавувал на тогашниот премиер Зоран Заев, на министерот за здравство Венко Филипче како и на директорот на фондот за здравство Ден Дончев. Разговорите ги пуштал на интерфон, а од другата страна потврдувале дека „жртвите“ треба да работат со Стојан.

„НЕКОИ СОПСТВЕНИЦИ НА ВЕЛЕДРОГЕРИИ ПРИМАЛЕ И ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ ОД СТРАНА НА СТОЈАН АНГЕЛОВ, ДОКОЛКУ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА СЕ СПРОТИСТАВАТ НА ОДНАПРЕД ИСПЛАНИРАНИОТ ДОБИТНИК НА ТЕНДЕР (НЕКОЈА ОД ФИРМИТЕ ВО МРЕЖАТА НА АНГЕЛОВ) ИЛИ БИЛЕ ПРИНУДУВАНИ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ КОИ ТИЕ ГИ ЗАСТАПУВААТ И НЕ САКААТ ДА ВЛЕЗАТ ВО МРЕЖАТА ЗА ДЕЛЕЊЕ 50:50“, рекол извор на порталот.

Како Филипче му асистирал на новиот „Кум на фармацевската мафија“?
Министерот за здравство Венко Филипче, дефинитивно асистирал во процесот со тоа што ги повикувал на средби регионалните претставници на фармацевските производители, со тоа што ги насочувал кон која веледрогерија да се насочат за да склучат договор за застапништво.

Документирани се десетици вакви случаи, а секогаш, Филипче овие фирми ги насочувал кон веледрогериите кои се во мрежата на Ангелов.

„ФИЛИПЧЕ НИ ВЕТУВАШЕ ПОГОЛЕМ ОБРТ ДОКОЛКУ РАБОТИМЕ СО ФИРМИТЕ НА АНГЕЛОВ И ЗНАЧИТЕЛЕН РАСТ НА ПРОДАЖБАТА“, сведочи за Лидер регионален менажер подготвен за случајот да сведочи и на суд.

Ангелов сите веледрогерии и претставништва, ги посетувал редовно. Иако на хартија нема ниту една веледрогерија, тој низ Министерството за здравство, Фондот за здравство и клиниките се шетал, небаре е газда.

Сите негови соработници, се дел од владејачката структура, што значи нив не им било проблем да проверат дали Ангелов е во комуникација со поранешниот премиер Заев, но, очигледно е дека Ангелов имал некаква комуникација и поддршка од него.

Парите од наместените тендери се изнесувале надвор!
На тендерите, спецификациите ги пишувале луѓе кои работеле во некои од компаниите под капа на Стојан. Откако тендерот ќе се наместел и ќе го добиела фирма блиска до него, менаџерите на компаниите половина од профитот му го давале на Ангелов, иснесувајќи го на сметки на фирми во Прага.

На ваков начин, од државава се изнесени десетици милиони евра, а Ангелов на дел од оние кои работеле со него им тврдел дека дел од нив ги враќа назад вбризгувајќи ги во предизборните кампањи за референдумот, за претседателските избори и последно за парламентарните избори.

Кој се бил жртва на Ангелов?
Ангелов практично ги „изрекетирал“ сите играчи во фармацевтскиот сектор во земјава. Најголем дел од нив, ги посетил сите компании па дури и оние кои се премногу големи за да им се наштети.

Во неговата мрежа, која се врти околу „Промедика“, влегле многу брендови кои претходно биле застапувани од други фирми. Десетици веледрогерии, парите од тендерите ги делеле со Ангелов а тој ги изнесувал во странство.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.