Лидерот на ерменската опозиција не е избран за премиер

Челникот на ерменската опозиција Никола Пашинјан не успеа да обезбеди мнозинство гласови во парламентот во вторникот за да стане премиер по неколкуте седмици протести поради кои досегашниот премиер Серж Саргасјан.

За Никола Пашинјан гласале 45 пратеници, а за мнозинство во парламентот со 105 мандати му беа потребни 53 гласови, по дискусијата којашто се одвиваше на итната седмица на законодавниот дом на Ерменија. Папинјан за премиерската функција го предложи опозициската партија Елк (Излез), а доби поддршка од уште две парламентарни групи Царукјан и Дашнакцутјун. Сите три партии имаат вкупно 47 пратеници, поради што му недостигаа уште шест гласови, кои требаше да ги обезбеди од владејачката Републиканска партија којашто има 58 пратеници. Претходно челникот на „републиканците“ во парламентот Вахрам Багдасарјан изјави дека неговата партија нема да го опструира кандидирањето доколку зад него застанат сите три опозициски парламентарни парти.

 

Против кандидатурата на лидерот на опозицијата гласаа пратениците од владејачката Републиканска партија на Ерменија, што Пашинјан кој беше кандидат за премиерската функција а поддршката ја бараше поединечно ,меѓу пратениците на повеќето партии, го оцени како „навреда за народот“.

Според ерменскиот устав., за седум дена треба да се спроведат нови избори за премиер. Кандидатите во вториот круг треба да бидат номинирани не од посебните парламентарни групи, туку од најмалку една третина од вкупниот број пратеници. Доколку шефот на владата не биде избран и од вториот пат, тоа автоматски води кон распуштање на ерменското Национално собрание.

По објавувањето на резултатите од денешното гласање во парламентот и дека не е избран премиер, приврзаниците на Пашинјан најавија дела повторно ќе митингуваат во главниот град Ереван „до победата“.

Ерменија, поранешна советска република на Кавказор, од 13-ти април е во политичка криза, откако по протестите на 23-ти април оставка поднесе досегашниот 63-годишен премиер Серж Саргасјан кој шест дена претходно во парламентот беше избран за премиер откако десет години ја извршуваше претседателската должност.

Демонстрантите му забележуваа на Саргасјан, кој е поранешен воен функционер, дена не успеал да ја намали сиромаштијата и корупцијата во текот на десетте години на претседателската функција, како и дека на олигарсите им ја препуштил контролата над ерменската економија.

Кризата дополнително ја дестабилизира Ерменија, земја со 2,9 милиони жители, ослабена поради повеќедеценискиот територијален спор, кој повремено прераснува во вооружен судир, со соседен Азербејџан.