Лидерот на италијанските демократи ќе поднесе оставка по поразот на изборите

Лидерот на италијанската централно – левичарска „Демократска партија“, Енрико Лета денеска информираше дека ќе поднесе оставка. Одлуката следува по поразот на неговата партија на вчерашните избори.

Поранешниот премиер информираше дека нема да се кандидира за функцијата генерален секретар на следниот конгрес на неговата Демократска партија.

– Денеска е тажен ден за Италија и Европа, додаде тој, мислејќи на антиевропската ориентација на Џорџа Мелони.

Лета наведе дека „Демократската партија“ нема да дозволи Италија да исчезне од срцето на Европа.

На вчерашните избори победи екстремно десничарската партија „Браќа на Италија“ на Мелони.