Лидерот на опозицијата за отворените писма и судството

Наш и противник на граѓаните се СДСМ и премиерот Зоран Заев, рече во вечерашното гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа, претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кога од него беше побарано да го коментира писмото на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков

Мицкоски притоа посочи дека нема што да додаде или одзеде за второто писмо на Мијалков, додавајќи дека тоа не влијае на него и тој ќе продолжи да работи жестоко кон крајната цел пораз на ова како што вели одродена и криминална власт.

„Што се однесува до ова второ писмо кое што вие го кажавте. Исто така немам што да додадам ниту што да одземам. За мене таа работа е завршена книга. Се обидувам да отворам нова книга, за мене политички противник е одродената и криминална влада на СДСМ предводена од аболираниот политичар Зоран Заев и се разбирам останувам фокусиран јас и соработниците секој оној кој што сака да допринесе во борбата против овие луѓе е добредојден, вратите се отворени немаме никаква фрустрација кон никого, напротив. Така што немам никаква дилема кој е нашиот вистински противник и вистински противник на граѓаните на Република Македонија и македонската нација. Останатите можат да лиферуваат лажни информации, можат да кодошат, да шпекулираат, можат да брифираат вака или онака. Можат да пишуваат писмо, јас ќе работам, ќе продолжам да работам, ќе продолжам да работам жестоко па ќе видиме на крај каква судбина ќе имам“, порача Мицкоски.

Говорејќи, како што вели за политичкиот прогон кој го спроведува актуелната власт, поточно за политичкиот процес против екс премиерот Никола Груевски, посочи дека ќе дојде времето кога ќе заврши таканареченото „Кацарска судството“.

Мицкоски ја спомена судијката Добрила Кацарска која го водеше предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ,,Тенк” во кој е обвинет почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, токму за неа Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека го дискриминирала екс премиерот Никола Груевски.

„Судството не само што не се реформира и не иде напред туку дополнително се влошува состојбата. Но морам да кажам дека Кацарска судството кога тогаш ќе заврши и ќе дојде вистински судство со вистински судии кои што ќе судат непристрасно и ќе бидат ослободени од стегите на политичарите“, рече Мицкоски.