Лидерот на протестите во Хонг Конг, Џошуа Вонг, во Берлин да го осуди полициското насилство

epa07834575 Hong Kong Demosisto party Secretary General and pro-democracy activist Joshua Wong (2-R) and Hong Kong Demosisto activist Glacier Kwong (R) arrive for a press conference at the Federal Press Conference (Bundespressekonferenz) in Berlin, Germany, 11 September 2019. Hong Kong Demosisto party Secretary General and pro-democracy activist Joshua Wong and fellow activists are on a visit to Berlin. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Џошуа Вонг, лидерот на продемократското движење во Хонг Конг, денеска во германската Влада во Берлин јавно да го осуди полициското насилство и злоупотреба на службената должност за време на актуелните повеќемесечни демонстрации во овој полуавтономен кинески град, јави ДПА.

На прес-конференција во Берлин, Вонг изјави дека Германија треба да престане да извезува полициска опрема на владата во Хонг Конг сè додека протестите траат и додека таа опрема се користи против демонстрантите.

-Акциите зборуваат погласно од зборовите, рече Вонг.

Тој, исто така, од германската Влада побара да ги прекине трговските разговори со Кина сè додека на дневен ред не се стават и прашањата за човековите права. Тој рече дека и санкциите треба да се земат предвид.

Лидерот на протестот во Хонг Конг уште кажа и дека на средбата со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, во понеделникот, ги изразил овие свои барања, што Кина во меѓувреме остро ги критикуваше.

Вонг е во посета на Берлин на покана на весникот „Билд“. Тој пристигна во германската престолнина во понеделникот вечерта и меѓудругите разговараше и со Маас, на настан што весникот го организираше во ресторан на покривот од германскиот Парламент.

Неговата посета на Германија беше одложена за еден ден откако тој беше приведен на аеродромот во Хонг Конг за наводно кршење на условите за кауција.

Клучната фигура во антивладините протести во Хонг Конг подоцна беше ослободен откако судот ги процени условите за кауцијата и му дозволи да го реализира претходно планираното патување и оцени дека неговото апсење било неосновано.

-Хонг Конг е новиот Берлин во новата Студена војна, кажа Вонг на денешната средба со новинарите.