Лидерот на турските националисти: Секоја интервенција во истрагата за корупцијата ги зголемува сомневањата кон лидерите

Лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП), Девлет Бахчели, изјави во врска со операцијата против корупција и мито, дека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП ), го попречува процесот за разјаснување на вистинските размери и вмешаните лица, информираат турските медиуми.

„Секоја интервенција и обиди за насочување и влијание, уште повеќе ќе ги зголеми сомневањата за АКП“, изјавил Бахчели.

Покрај тоа, лидерот на турските националисти остро ја критикуваше тоталната чистка во полицијата и органите за безбедност и ја повика Владата да престане да „лудува“ и да се бори со турската полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.