Лидерот на владините сили порача дека војската во Панџшир е подготвена за отпор на талибаните

Остатоците од војската на соборената авганистанска влада во неколку региони во земјата се концетрирани во северната провинција Панџшир, која не е под власт на талобнаните, и се подготвени да им дадат отпора на милитантите, порач во неделата Махмуд Масуд, син на некогашниот влијателн водач на таџикистанката заедница во Авганистан која се бореше против советската инвазија во 1980-те, Ахмад Шах Масуд (1953-2001).

„Владините војски од неколку авганистански покраина се концентирани во Паншир. Доколку талибаните се обидат да го заземат Паншир, ние сме подготвени да се спротиставиме“, го цитира Масуд телевизскиот канал Al Arabiya.

Претходно агенцијата AFP пренесе изјава на талибаните дека „стотици“ приврзаници на движењето се упатиле кон Панџшир.

Претходно во саботата медиуми објавија дека Масуд започнал преговори со претставнции на талибаните за создавање „инклузивна влада“ и надминување на политичките поделби во земјата.

Масуд и во неделата повикал да се формира влада на национално единство која би владела со земјата со учество на талибаните, предупредувајќи дека „војната ќе биде неизбежна“ доколку талибаните го одбијат предлогот.

Масуд во четвртокот во напис објавен во The Washington Post, објави дека владините сили и локални милиции кои се борат против талибаните се собират во неговото упориште во Панџшир, и побара воена поддршка од Западот.

Претходно ден откако талибаните го заземаа Кабул, на 16-ти август Масуд во писмо објавено во француски магазин, најави отпор против талибаните чиј центар ќе биде Панџшер.Се проценува дека таму се концентрирани десетина илјади борци на владините и специјалните сили кои се вратиле во земјата од Таџикистан.

Во петокот Абдула Абдула, шефот на Врховниот совт за национално помирување и еден од челновите на координативниот совет за мирен трансфер на власта, објави почеток на преговорит со водачите на провинцијата Панџшир, особено со религиозните провинција, племенските старешини и воените команданти во регионот.