Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со директорите на ИРИ

316

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Јан Сурочак, директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Илина Мангова, директорка за Македонија, соопштија од опозициската партија.

На средбата било разговарано за за актуелната политичко-општествена ситуација во земјата, како и за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат.

„Претседателот Мицкоски даде осврт на актуелната политичка ситуација, истакнувајќи дека државата се движи во ќорсокак, и дека владата нема план за општествен и економски развој. Обидот на сила да се донесе неуставниот закон за јазици преставува еклатантен пример за недостигот на демократски капацитет кај парламентарното мнозинство и премиерот Зоран Заев и таквиот чин преставува удар врз демократијата, истакна Мицкоски. Тој додаде дека владата преку политичкиот терор кој го спроведува практично придонесува за поделено општество и раст на меѓусебната нетрпеливост“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакнал дека државата се осиромашува, имам економски раст кој се движи околу нулата и не се продуцира додадена вредност во економијата, наспроти тоа задолжувањата растат, градежништвото и другите стопански дејности назадуваат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочил дека партијата е отворена за соработка со меѓународниот институт и дека во таа насока треба да се искористат расположливите потенцијали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.