Лидерска средба: Да се почитува договорот од 2 јуни

Заврши лидерската средба во Скопје на четворицата лидери на партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со договор за нова која треба да се случи на 29 јуни.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на денешнaта средба во Клубот на пратениците се согласиле уште еднаш да ја потврдат нивната целосна посветеност на договорот што беше постигнат на 2 јуни по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје и да продолжат со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29 јуни.

Во заедичката изјава на лидерите се наведува дека го поддржуваат транспарентното менаџирање од ЕУ, како и сите специфични пораки поврзани со системските реформи во областа на вледеење на правото кои ќе бидат проследени и спроведени во интерес на сите граѓани.

Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, Никола Груевски од ВМРО­-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, по петти пат седнаа на заедничка маса во обид да се најде решение за излез од политичката криза во земјава.

Премиерот Груевски е придружуван од шефот на дипломатијата Никола Поповски, Заев од Рената Тренеска Десковска, член на извршен одбор на СДСМ, Ахмети од пратеникот Артан Груби, а Тачи од Имер Алиу, координатор на пратеничката група на ДПА.

И на денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваат амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.