Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари и тутун

Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари и тутун, објави германскиот ланец на продавници.

Со тоа Лидл ја претекна владината забрана и стана прв ланец кој од понудата ги повлекува тутунските производи.

-Лидл активно придонесува на создавање генерации на непушачи – соопштила фирмата.

Лидл Холандија ја поддржува иницијативата на неколку здравствени организации чија цел е „на децата да им даде можност да пораснат без чад и да ги заштити од штетните влијанија на пасивното пушење и од искушенито и самите да почнат да пушат.

Холандската влада го пофалила потегот на компанијата која го најавила уште во 2018 година и постепено го ширела долж малопродажната мрежа.

Од 2024 година тутунските производи во Холандија ќе смеат да се продаваат само на бензинските пумпи, во специјализирани продавници, во трафики и во продавници кои ќе добијат посебна дозвола за тоа.

Од 2023 година исто така ќе биде забранета продажбата и преку интернет.