Лидс го запре Сити, Евертон и натаму на врвот

Екипата на повратникот во елитното англиско натпреварување Лидс Јунајтед за кој настапи македонскиот фудбалски репрезентативец Езган Алиоски во дуелот од четвртокот коло на Премиер лигата одиграа на свој терен 1:1 со фаворизираниот Манчестер Сити.

Сити поведе со погодокот на Рахим Стерлин во 17 минута, додека Лидс израмни преку Родриго во 59 минута. Манчестерските граѓани не успеаја да дојдат до однапред впишаните три бода, иако имаа речиси двојно повеќе удари (23:12) но само два од нив одеа директно во голот на Лидс, додека домашните имаа седум директни уради во рамките на противничкиот гол. Домашните, исто така, имаа и поголемм посед на топката (53 наспроти 47 отсто), а и повеќе од 40 прецизни додавања повеќе од Сити. Лидс можеше да дојде до победа во самиот финиш, кога Патрик Бамфорд сам излезе пред голманот Едерсин, но не успее не успеа да поентира.

Лидс, кој го води харизматичниот менаџер Марело Биеалс е петти на табелата со седум бодови, додека екипата на Пеп Гвардиола е десетта со три бода помалку и натпревар помалку.

Претходно Евертон дома го совлада Брајтон со 4:2 и остана на чело на Премиер лигата со максималните 12 бодови. Доминик Калверт-Лејвин истовремено стана првиот играч на Евертон во историјата кој постигнал погодок на секој од првите четири натпревари на почетокот од сезоната. Брилјираше и новото засилување на „синиот клуб“ од Ливерпул, Хамез Родригез кој во саботата постигна два погодока.

Стрелци за Евертон беа Клајверт-Лејвин во 16, Јери Мина во втората минута од судиското продолжение од првото полувреме и Родригез во 52 и 70 минута. За Брајтон погодија Нил Мопај во 41 и Ив Бисума во втората минута од судиското продолжение на натпреварот.

Во првиот саботен натпревар од четвртокот коло на англиското фудбалско првенство Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ со 4:0 го совлада Кристал Палас, и првпат оваа сезона не прими погодок. Победата фудбалерите на Челзи ја изборија во вторното полувреме, а стрелци беа Бен Чилвел во 50, Курт Зума во 66 а Жоржињо реализираше два удара од белата точка во 78 и 82 минута.

Со оваа победа Челзи моментално се проби на четвртото место со седум бодови, додека Кристал Палас со бод помалку привремено е на деветтото место на табелата.

Во последниот саботен меч Њукасл Јунајтед дома со 3:1 беше подобар од Барнли. Домашните поведоа рано во 14 минута со голот на Алан Сент-Максимин. Гостите успеаја да израмнат во 61 минута преку Ешли Вествуд, но само по четири минути водството на Њукасл го врати Калум Вилсон кој беше стрелец и на погодокот кој го потврди победникот во 77 минута кога реализираше пенал.

Њукасл од четири натпревари собра 7 бодови и е на 6-то место, а Барнли во трите одиграни мечеви не забележа успех и е претпоследен 19-ти без бодови.

Во недела на распоред се натпреварите: Лестер Сити – Вест Хем Јунајтед, Саутемптон – Вест Бромбвич Албион, Вулверхемтон – Фулам, Арсенал – Шефилд Јунајтед, Астон Вила – Ливерпул и дербито Манчестер Јунајтед – Тотенхем.