Лига 1: Лион го впиша четвртиот пораз во низа

Во последниот натпревар од 9-то коло на француската Лига 1, фудбалерите на Ланс пред своите навивачи со 1:0 го совладаа Лион

Одлучувачкиот погодок го постигна Флориан Сотока во 82 минута од пенал. Со тоа продолжува црната серија на Лион последните седмици, бидејќи ова беше четвртиот лигашки пораз во низа за оваа екипа. Ланс, пак, сѐ уште е без пораз, ова е шеста победа со три ремија и сега е четврти на табелата со 21 бод, додека Лион остана седми со 13 бодови.

Фудбалерите на Монако беа убедливи на својот стадион и со 4:1 го победија Нант во претпоследниот натпревар во неделата.

Ова беше петтата победа на Монако сезонава, а гостите ги начна уште во 2 минута од мечот со голот на Брел Ембооло. Потоа следеше хет-трик на Висам Бен Једер со головите во 6, 28 и 63 минута од пенал. И за почесниот погодок на гостите заслужен беше играч на Монако, Бразилецот Каио Енрике во 79 минута ја погоди сопствената мрежа.

Со оваа победа Монако се проби на петтото место со 17 бодови, додека Нант и натаму е нископласиран, на 16-то место со седум бодови.

Фудбалерите на Клермон продолжија со добрите резултати на почетокот од сезоната и во 9-то коло од француското првенство на гости го совладаа Ајачо со 3:1.

Клермон до победата дојде во самиот финиш на мечот, откако до 89 минута резултатот 1:1. Но прво Рашани погоди за 2:1, а потоа во 91 минута и Дису за конечните 3:1. Клермон скокна на деветтото место на табелата, додека Ајачо остана последен со само четири бодови, а ова беше веќе седмиот негов пораз.

До 90 минута Ремс имаше три гостински бода кај Троа каде водеше со 2:1. Фоларен Балоган во 12 и Џунија Ито беа стрелци за Ремс, но вториот јапонскиот играч во 56 минута, само две минути откако погоди за водство 2:1, доби црвен картон. Играчот повеќе Троа го ефектуираше во 90 минута преку Цексон Порозо. Претходно на 1:1 за домашните израмни Вилсон Одабер.

Троа е моментално на 11-то место со 11 бодови, а Рен со седум бодови е 17-ти, во зоната на испаѓање.

Оксер и Брест одиграа без победник 1:1. Гостите водеа Ислам Сломани во 64, а домашните, кои од 52 минута играа без исклучениот Жулиан Женавие, израмнија од пенал во 86 минута кој го реализираше М’Баје Нианг. Оксер е 14-ти со осум бодови, а Брст остана 18-ти со шест бодови.

Лориен со 2:1 на домашен терен го совлада Лион. Домашните поведоа во 9 минута со автоголот Бафоде Даките, а гостите израмнија во 78 минута преку Жонатан Давид. Лориен, кој од 62 минута играше без „поцрвенетиот“ Данго Отара, успеа да дојде до трите бода во 87 минута преку Тео Л’Бри.

Лориен се задржа на високот трето место на табелата со 22 бодови, бод помалку од второпласираниот Марсеј, и три од водечкиот ПСЖ. Лион, пак, разочарувачки со 13 бодови е на осмото место.

И Тулуз последните половина час од домашниот дуел со Монпелје ги играше со играч помалку откако беше исклучен Микел Дрекслер, но славеше со 4:2. Гостите успеаја да поведат веќе во 7 минута преки Николас Коза, но потоа можеа само да го ублажат поразот во 68 минута преку Ели Ваи. За домашните стрелци беа Стијн Спиерингс во 18, Закариа Абуклала во 24, Фарес Шеиби во 31 и Брешт Дежаегере во 48 минута.

Монпелје остана десетти со 12 бодови, а Тулуз со 11 бодови се искачи на 12-то место.