Лига Европа: Металург по вторпат поразен од Чеховски Медведи

Во седмиот натпревари од рамките на ракометната Лига Европа, скопски Металург го претрпе и шестиот пораз, овојпат во Спортскиот центат „Борис Трајковски“ во саботата со 32:37 беа поразени од Чеховски Медведи.

Металург ниеднаш во текот на натпреварот не беше во водство, а резултатска неизвесност беше само на почетокот, кога двапати доаѓаше до „минус еден“ (1:2, 2:3).

Потоа ривалите направија серија и до крајот на првото полувреме константно одржуваа три-четири голови разлика, додека највисоката позитива ја имаа во вториот дел стигнувајќи и до „плус шест“ (20:26, 21:27).

Последната сила на домаќините беше во самиот финиш на средбата кога се доближија до 32:34, но до крајот на средбата рускиот претставник го скрши отпорот постигнувајќу уште три гола и го постави конечниот епилог.

Најрасположен во домашните редови беше Тарабокиа со девет погодоци, два помалку имаше Митиќ, додека на спротивната страна за Русите шест гола беа дело на Осташченко и пет на Кисељев.

Моментно на табелата во групата „А“ остануваат на последната шеста позиција „сино-белите“ од Автокоманда со само еден бод, додека Чеховски Медведи е на третото место со осум бодови после четвртата победа.