Лига Европа: Реми на Јувентус и Севилја, Рома подобра од Баер

Во првиот полуфинален натпревар од Лига Европа, Јувентус и Севилја во Торино одиграа без победник, дека во Рома на својот „Олимпико“ минимално со 1:0 го совлада Баер Леверкузен.

Севилја поведе во 26 минута со голот на Јусеф Ен Несрри, а Федерико Гати израми во шестата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Шесткратниот победник во ова натпреварување имаше тешка сезона оптоварена со борбата за опстанок во шпанската Примера, како и со промени на тренерите, но се чини дека Андалузијците влегоа во форма во вистинско време. Хозе Луис Мендилибар, третиот тренер оваа сезона по Хулен Лопетери и Хорхе Сампаоли, ги нареди работите и со серија одлични резултати Севилја практично го осигури прволигашкиот статус, а одлично игра и во Европа.

Јувентус, пак, европски трофеј очекува долги 27 години, од 1996-та, кога стана европски шампиони а победи и во европскиот Суперкуп.

По првиот натпревар гостите од Шпанија може да жалат затоа што ја испуштија победата во последните моменти од мечот, и тоа од само вториот шут на Јувентус во рамките на голот.

Првата шанса на натпреварот ја имаа гостите во 17 минута, кога Луакс Окампос шутираше, но Војчех Шчесни беше концентриран. Три минути подоцна возврати „Старата дама“, Душан Влаховиќ во шеснаесетникот беше прецизно проигран, но шутираше високо над голот. По ветувачкиот почеток на дуелот, Јувентус во 26 минута прими гол од одличниот противнапад. Брзата акција на асистенција на Окампос во водство ја претвори Јусевф Ен Бесири.

По погодокот се промени динамиката на натпреварот и Јувентус во тој период беше поблиску да прими и втор гол отколку да израмни. Во продолжението од соочувањето Севилја умешно се бранеше сѐ до самиот финиш, кога Јуве успеа да ја протне топката во гостинската мрежа. Федерико Киеза нафрли од корнер, Пол Погна со глава ја врати на втората статива, каде што највисоко скокна Гати и со глава ја заби за 1:1.

Леонардо Бунучи на овој меч стана само шестиот играч на Јувентус кој влезе во клубот 500. Рекордер е Алесандро Дел Пјеро со 705 натпревари, а пред Бонучи се уште и Џанлуиџи Буфон со 685, Џорцо Кјелини со 561, Гаетано Шореа со 552 и Џузепе Фурино со 528 натпревари.

Во вториот натпревар од вечерта, Рома пред реваншот оствари минимална предност од 1:0 против Баер Леверкузен, а решавачкиот погодок го постигна Едоардо Бове во 62 минута.

Рома трета последователна сезона стаса до полуфинале во европско натпреварување. Пред две годни беше елиминирана во полуфиналето на Лига Европа од Манчестер Јунајтед, а лани ја освои Конференциската лига.

Баер своето последно полуфинале го играше во 2002 година, кога дојде до финалето на Лигата на шампионите каде беше поразен од Реал Мадрид.

Првото полувреме измина во главно израмнета игра. Баер подобро го започна мечот, со две шанси во раниот период преку Андрих и Вирц, а составот на Мурињо најдобрата шанса ја имаше во 19 минута кога Лукас Храдецки одлично го одбран шутот со глава на Рожер Ибањез.

Решавачкиот момент се одигра во 63 минута. Тами Абрахам шутираше, Храдецки одбрани но Едоардо Бове одбиената топка ја спроведе во мрежата.

Најблиску до израмнување гостите од Леверкузен беа во 87 минута коа шутираше Џереми Фимпонг, но еден од домашните одбранбени играчи успеа да ја запре топката на гол-линијата наместо голманот.

Реваншите се играат на 18-ти мај во Севилја и Леверкузен, а финалето е закажано за 31-ви мај во Будимпешта.