Лига Европа: Севиља ја совлада Рома во финалето по изведувањето пенали

Фудбалерите на Севиља по седми пат во клупската истроја го освоија трофејот во Лига Европа, откако на преминот од средата кон четврток во финалниот меч во Будимпешта, шпанскиот тим по изведувањето на пенали ја победи Рома со 5:2 (1:1, 1:1).

По 90 минути резултатот беше 1:1, а резултатот остана ист и по 120 минути. При изведувањето на пенали сите играчи на Севиља беа прецизни – Окампос, Ламела, Ракитиќ и Монтиел погодија за конченото славје. Кај Рома погоди само Кристанте, додека потоа ударот на Манчини го одбрани Боно, а Ибанез ја погоди стативата.

Покрај титулата победник на ова натпреварување, ова финале имаше уште една тежина. Со оглед на тоа што ниту една од овие две екипи не обезбеди настап во Лигата на шампионите следната сезона преку своите национални првенства, победникот го обезбеди пласманот во тоа елитно континентално натпреварување, кое Севиља наполно го заслужи, по слабата домашна сезина во која замени дури три тренера, но се чини во вистинско време зашто во Ла Лига со серија победи избега од опасната зона, а ја освои Лига Европа.

Инаку, Рома поведе во 35 минута со голот на Паоли Дибала, додека Севиља израмни во 55 минута кога Џанлука Манчини ја затресе сопствената мрежа, откако во неговиот петерец го погоди една нафрлена топка.

Рома подобро и поконкретно го отвори натпреварот, а првата голема шанса римјаните ја имаа во 12 минута. Спинацола шутираше од десетина метри, но голманот на Севиља Боно спречи рано водство на италијанскиот тим. Иако Севиља имаше одредена предност во поседот, Рома играше повертикално и нејзините шанси беа значително поопасни. Рома поведе во 35 минута откако хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ направи грешка на средината на теренот. Манчини испрати одлична топка за Аргентинецот Дибала, чија егзекуција беше одлична. Ја погоди противничката мрежа за големото славје на Римјаните и 1:0.

Дури тогаш Севиља се разбуди и стана многу потензично во просторот пред голманот на Рома, Руи Патрисио. Прво му се закани на Ен-Несири, а потоа во 43 минута Фернандо ја пропушти првата голема шанса за Севиља. Уште поблиски до израмнување Севиља беше во втората половина од првото полувреме кога Ракитиќ за малку целосно ќе ја исправеше грешката при погодокот на Рома. Од 20 метри шутираше одлично со левата нога, но топката заврши во стативата.

Тренерот на Севиља, Хозе Луис Мендилибар, на почетокот на вториот дел веднаш ги внесе во игра Сусо и Ламела, играчи ориентирани кон нападот, а Андалузијците уште од самиот почеток тргнаа со силни напади. Прво се обиде Сусо со топовски удар, а во 55 минута Севиља израмни. Хесус Навас уфрли една топка која го погоди Манчини и се одби во мрежата на италијанскиот тим за 1:1.

По израмнувањето играта стана порамномерна, но играчите стануваа сѐ понервозни како што натпреварот се ближеше кон крајот. Првата голема шанса по израмнувањето ја имаше Рома. Во 67 минута Боно одлично го одбрани ударот на Абрахам, а во гужвата пред голот Севиља не успеаја правовремено да реагираа неколку играчи на Рома.

Во 75 минута Аргентинецот Окампос одглуми пенал, а во првиот момент судијата Тејлор поверува во прекршок од страна на Ибанез. Сепак, по прегледувањето на снимката, Тејлор ја поправи својата одлука и Севиља не доби слободен удар од белата точка.

Рома можеше да постигне гол за титулата во 8. минута, но Белоти не ја зафати најдобро топката, а голманот на Севиља Боно со врвовите на прстите спречи поголема опасност кон сопствениот гол. Во судиското надополнување, Севиља имаше две шанси, но остана 1:1 и дополнителната тензија отиде во продолженијата.

Но не се случија многу нешта вредни за одбележување во дополнителните триесет минути. Ниту еден од двата тима не сакаше да ризикува, а дефанзивниот фокус го насочи ова финале кон пенали, со фактот дека сѐ можеше да заврши во десеттата минута од судиското надополнување од второто продолжение кога играчот на Рома Смолинг по нафрлување од слободен удар шутираше со глава а топката во широк лак падна на гредата.

Потоа следуваа пеналите во кои фудбалерите на Севиља беа непогрешливи. Прецизен беше и Иван Ракитиќ, кој го одигра целиот натпревар за Севиља, а интересно е да се каже дека последниот пенал на Монтиел беше повторен откако Руи Патрисио го одбрани првиот удар. Сепак, поради движењето на голманот на Рома, Аргентинецот доби нова шанса и потоа погоди за големото славје на Севиља.