Лига куп: Шестка на Сити, седумка на Брентфорд

38

Бранителот на титулата во енглискиот фудбалски Лига куп, Манчестер Сити се пласираше осминафиналето со убедливата победа од 6:1 нат третолигашот Викомб Вандерерс.

Гостите поведоа во 22 минута до голот на Брендон Ханлан, но Ситио до крајот на полувремето сериозно ја сфати задачата и со головите на Кевин Де Брујне во 29, Ријад Марез во 43 и Филип Фоден во 45 минута направи пресврт. Во продолжението актуелниот англиски шампион постигна уште три гола, а стрелци беа Феран Торес во 71, повторно Марез во 82 и Кол Палмер во 88 минута.

Пласман во осминафиналето избори и Ливерпул кој со 3:0 го порази Норич Сити на гостувањето. За „Редсите“ стрелци беа Такумо Минамино во 3 и 80 минута и Дивок Ориги во 51 минута. Норич во 42 минута можеше да израмни на 1:1, но Кристос Цолис не реализираше пенал.

Најубедливата победа ја оствари Брентфорд кој го декласираше четвртолигашот Олдхам Атлетик со дури 7:0. Ѕвезда на дуелот беше четирикратниот стрелец Маркус Форс кој стрелаше во 3 минута од пенал, а потоа погоди и во 16, 44 и 60 минута, а голови постигнаа и Хоан Виса во 38 и 87 и Рафаел Дијара во 43 минута постигна автогол.

Лидс Јунајтед го мина Фула со 6:5 по подоброто извеување на пеналите откако мечот заврши без голови.

Квинс Парк Ренџерс, исто така, по пенали го победи Евертон со 8:7, откако мечот заврши без победник со резултат 2:2. КПР двапати беше во водство, но гостите од Ливерпул израмнуваа што на крајот не им беше и доволно. За лондонскиот клуб двата гола ги постигна Чарли Остин, во 18 и 34 минута, додека за гостите израмнуваат Лукас Диње во 30 и Андрос Таунсенд во 47 минута. Одлуката дојде во осмата серија, кога за домашните погоди Џими Дан, а Том Дејвис не беше прецизен за Евертон.

Четири погодоци постигна и Џеј Родригез, во 50, 60, 62 и 77 минута во победата од 4:1 на Барнли над Рочдејл.

РЕЗУЛТАТИ:
Манчестер Сити – Викомб 6:1
Норич – Ливерпул 0:3
Шефилд Јунајтед – Саутемптон 2:4 11м (2:2)
Брентфорд – Олдам 7:0
Ватфорд – Стоук Сити 1:3
Фулам – Лидс Јунајтед 5:6 11м (0:0)
Квинс Парк Ренџерс – Евертон 8:7 11м (2:2)
Барнли – Рочдејл 4:1
Престон – Челтенхем Таун 4:1
Виган – Сандерленд 0:2

ВО СРЕДА:

Брајтон и Хов Албион – Свонси Сити
Манчестер Јунајтед – Вест Хем Јунајтед
Челзи – Астон Вила
Арсенал – Вимблдон
Милвол – Лестер Сити
Вулверхемптон – Тотенхем

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.