Лига куп: Вест Хем – Тотенхем, Ливерпул – Лестер

44

Фудбалерите на лондонски Вест Хем ќе играат на гостински терен против градскиот ривал Тотенхем во четвртфиналето на англискиот Лига куп, додека Ливерпул ќе биде домаќин на Лестер, одлучи денешната жрепка.

Откако ги елиминираше Манчестер јунајтед и Манчестер сити, четирикратниот последователен освојувач на Лига купот Вест Хем ќе мора да мине уште еден тим од „Топ шест“ за стигне до полуфиналето.

Актуелниот лидер во Премиер лигата, Челзи, ќе му гостува на Брентфорд во уште една лондонска пресметка, додека третолигашот Сандерленд ќе му гостува на Арсенал.

Натпреварите од четвртфиналето во англискиот Лига куп се на програмата на 20 декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.