Лига на нациите: Англичаните среќно славеа на Исланд

Фаворизираната фудбалска репрезентација на Англија со победа го започна натпреварувањето во Лигата на нациите, совладувањејќи го со доста среќа домашниот Исланд со гол во судиското продолжение.

Стрелец на победничкиот погодок беше Рахим Стерлинг од пенал во првата минута од судиското продолжување, а пота во последните моменти од мечот домашниот фудбалер Бјарнасон не реализираше најстрога казна. Последните 18 минута Англичаните ги одиграа со играч помалку, откако беше исклучен Кили Вокер.

Ова беше своевидна англиска одмазда за Исланд, кој ги елиминираше од минатото Европско првенство.

Во Лигата Ц, Црна Гора предводена од двојниот стрелец Стеван Јоветиќ на гости го победи Кипар со 2:0. Гостински победи остварија и Грузија кај Естонија со 1:0, и Луксембург ја Азербејџан со 2:1.

 

РЕЗУЛТАТИ
Лига А

Исланд – Англија 0:1

 

Лига Ц

Македонија – Ерменија 2:1

Азербејџан – Луксембург 1:2

Кипар – Црна Гора 0:2

Естонија – Грузија 0:1

 

Лига Д

Грибралтар – Сан Марино 1:0.