Лига на нациите: Белгија сигурна против Англија, Италија против Полска

Во вечерните дуели во неделата во рамките на петтокот претпоследно коло од елитната Лига А во Лигата на нациите на УЕФА, Белгија со 2:0 дома ја совлада Англија, а со истиот резултат Италија исто така на домашен терен беше подобра од Полска.

Беглијците во првата третина од дуелот ги решија дилемит околу победникот во мечот со Англига во Групата 2. Стрелци беа Јури Тиелеманс во 10 и Дреис Мертенс во 23 минута.

Во истата група проретчената Данска потешко од очекуваното со 2:1 беше подобра од Исланд. Кристијан Ериксен ги донесе домашните во водство во 12 минута од пенал а во 85 минута израмни Видар Орн Кјартансон, но во втората минута од судиското продолжение беше досуден пенал за Данска кој го реализираше Ериксен.

 

Италија во Реџо Емилија ја победи вечерва бледата Полска со 2:0. Стрелец на водечкиот погодок на „Аѕурите“ кои настапија со многу замени во првата постава беше Жоргињо од пенал во 27 минута. Во недефинираната и нервозна игра, Полјаците од 77 минута остана и без исклучениот Јацек Горалски, а Италијанците бројната предност ја искористија со голот на Доменико Берарди во 83 минута да не дозволат да бидат изненадени.

Претходно во оваа група Холандија со 3:1 ја совлада Босна и Херцеговина.

 

Во дуелот од Групата Г во Будимпешта, Унгарија и Србија одиграа без победник. Гостите поведоа во 17 минута преку Немања Радоњиќ, а во 39 минута израмни Золт Калмар.

Овој резултат ѝ оди во полза на Русија да остане на првата позиција на табелата, иако претходно во Истанбул првпат по 26 години беше поразена со 2:3 од Турција, која сега има два бодат помалку од Русите и Унгарците.

 

Во Групата К, Словенија со пресврт успеа да го совлада Косово. Гостите поведоа во 58 минута со голот на Ведат Муриќи, а во 62 минута домашните израмнија преку Јасмин Куртиќ, а победата ја остварија во четвртата минута од судиското продолжение од пеналот кој го реализираше Јосип Иличич.

Во оваа група Грција со головите на Костас Фортуинис во 32 и Анастасиос Бакасетас во 41 минута ја победи на гости Молдавија.

 

Во Групата Ф, Чешка со погодокот постигна уште во 7 минута преку Владимир Дарида го совлада минимално Израел. Претходно во истата група и Словачка минимално ја совлада Шведска.

 

Во Групата Е Австрија со пресврт во последните десет минути на домашен терен ја совлада Северна Ирска. Госите поведоа во 74 минута со голот на Џош Магенис, а потоа прво во 81 минута израмни Луис Шауб а во 87 минута Адријан Грбиќ направи резултатски пресврт. Во оваа група беше одложен мечот меѓу Романија и Норвешка.

РЕЗУЛТАТИ и ТАБЕЛИ

Лига А:

Група 1:
Холандија – БиХ 3:1
Италија – Полска 2:0

1. Италија 5 2 3 0 5:2 9
2. Холандија 5 2 2 1 5:3 8
3. Полска 5 3 1 2 5:4 7
4. БиХ 5 0 2 3 3:9 2

Група 2:
Белгија – Англија 2:0
Данска – Исланд 2:1

1. Белгија 5 4 0 1 12:4 12
2. Данска 5 3 1 1 6:3 10
3. Англија 5 2 1 2 3:4 7
4. Исланд 5 0 0 5 3:12 0

 

Лига Б:

Група 1:
Австрија – Северна Ирска 2:1
Романија – Норвешка одложено

1. Австрија 5 4 0 1 8:5 12
2. Норвешка 4 3 0 1 11:3 9
3. Романија 4 1 1 2 4:8 4
4. Северна Ирска 5 0 1 4 3:10 1

Група 2:
Словачка – Шкотска 1:0
Чешка – Израел 1:0

1. Шкотска 5 3 1 1 5:3 10
2. Чешка 5 3 0 2 7:5 9
3. Израел 5 1 2 2 6:7 5
4. Словачка 5 1 1 3 5:8 4

Група 3:
Турција – Русија 3:2
Унгарија – Србија 1:1

1. Русија 5 2 2 1 9: 7 8
2. Унгарија 5 2 2 1 5: 4 8
3. Турција 5 1 3 1 6: 6 6
4. Србија 5 0 3 2 4: 7 3

Група 4:
Бугарија – Финска 1:2
Велс – Ирска 1:0

1. Велс 5 4 1 0 4:0 13
2. Финска 5 4 0 1 6:2 12
3. Ирска 5 0 2 3 1:4 2
4. Бугарија 5 0 1 4 2:7 1

 

Лига Ц:

Група 2:
Македонија – Естонија 2:1
Грузија – Ерменија 1:2

1. Македонија 5 2 3 0 9:7 9
2. Ерменија 5 2 2 1 8:6 8
3. Грузија 5 1 3 1 6:6 6
4. Естонија 5 0 2 3 5:9 2

Група 3:
Молдавија – Грција 0:2
Словенија – Косово 2:1

1. Словенија 5 4 1 0 8:1 13
2. Грција 5 3 2 0 6:1 11
3. Косово 5 0 2 3 3:6 2
4. Молдавија 5 0 1 4 1:10 1

Група 4:
Албанија – Казахстан 3:1
Белорусија – Литванија 2:0

1. Белорусија 5 3 1 1 8:5 10
2. Албанија 5 2 2 1 5:2 8
3. Литванија 5 1 2 2 3:6 5
4. Казахстан 5 1 1 3 4:7 4

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.