Лига на нациите: Ерменија ја сруши грогираната Грузија, Турција по 26 години ја совлада Русија

Turkey and Russia in Istanbul, Turkey, 15 November 2020. EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во еден од најинтересните натпревари кои се одиграа во попладневниот термин во рамките на петто коло на нациите Турција во Истанбул со 3:2 првпат по 26 години успеа да ја совлада селекцијата на Русија, а британското соочување меѓу Велс и Ирска со 1:0 им припадна на домаќините, а гостинската победа на Ерменија кај Грузија ја остави Македонија на врвот на табелата.

Откако Македонија во Скопје со 2:1 ја совлада Естонија, само четири дена откако во Тбилиси го постигна историскиот пласман на евроспко првенсто, очигледно добро разнишаната селекција на Грузија со идентичен резулат од 1:2 беша поразена од Ерменија.

Ерменците поведоа во 33 минута преки Геворг Казатјам, Грузицјите изманина со реализирањето на пеналот во 65 минута кој го изведе Валери Казајшвили, но во 86 минута гостите славеа со голот на Саргис Адамјан.

Пред последното коло Македонија води со 9 бодови и во среда ѝ е доволен само бод од дуелот на Кипар со Ерменија која има сега 8 бодови за пласман во поквалитетната Лига Б, Грузија остана на шест, а Естонија има само два бода.

Дуелот на истанбулскиот стадион „Шукри Сараџоглу“, во кој Русија настап без голгетерот и капитен Артен Дзјуба, го доживеа првиот пораз во годинешниот турнир во Групатт Г од Лигата Б, започна добро за гостите кои поведоа во 11 минута преку Денис Черишев. Но веќе во 24 минута во еден контранапад полскиот арбитар Шимон Марцинјак се чини престрого го исклучи Андреј Семенов кој во меѓусебно влечење направи прекршок врз турски напаѓач. Веќе во 26 минута во продолжение на акцијата, по изведениот корнер израмнување донесе Кенан Караман. Резултатски пресврт направи Ченгиз Ундер во 32 минтуа, а водстовот на Турција го удвои Ченк Тосун во 52 минута од пенал. Во 57 минута Далер Кузјаев намали на 2:3, а до крајот на мечот Русите настојуваа да израмнат, а Турците се обидуваа преку против напади да ја потврдат победата.

Поразот на Русија ја ископлицира ситуацијата во оваа група, бидејќи имаат осум бодови, нгарија има 7 и дома ја пречекува подоцна Србија која има 5 бодови, а Турција има 6 бодови. Од резултатот во Будимпешта зависи дали во следното коло и двата натпревара ќе одлучуваат која селекција ќе се пласира на првото место, а која ќе оди во послабата по квалитет група.

Селекцијата на Велс во Кардиф со голот на Дејвид Брукс во 66 минита ја совлада Ирска.

Истовремно во Софија, селекцијата на Финска со 2:1 ја победи домашната Бугарија. Стрелци за гостите беа Теем Пукки уште во 7 минута и Робин Лод во првата минута од судиското продолжение, додека за домашните во 68 минута намали Димитар Илиев од пенал.

Пред последното коло во Групата Х, иако водат со дури 13 бодови и гол разлика плус 4, Велшаните на го обезбедија првото место, бидејќи сега Финска има само бод помалку. Ирска има два бода, а Бугарија само еден.

Во Групата А од Лигата Б, Холандија дома ја совлада Босна и Херцеговина со 3:1. Георгино Виналдум погоди уште во 6 и 13 минута за домашните кои убедливо поведоа со 3:0 преку Мемфис Депаи. Во 63 минута гостите само намалија со голот на Смаил Превљак.

Во оваа група се очекува дуелот меѓу Италија, која е прва со 9 бодови, и Полска која е трета засега со 7 бодови. Холандија има 8 а БиХ има два бода.

Во дуелот на двете селекции кои во средата исто како и македонската изборија пласман на ЕП, Словачка во Трнава ја совлада Шкотска со 1:0 со погодокот на Јан Грегуш. Шкотите со 10 бодови моментално се на првото место во Групата Ф и го очекуваат исходот од дуелот меѓу Чешка и Израел, а Словачка настојува да го избегне испаѓањето од Лигата Б.

Белорисија во групата Л со головите на Евгениј Јаблонски во 5 и Макс Ебонг во 20 минута на домашен терен ја совлада Литванија.

Албанија, пак, во истата група беше подобра од Казахстан со 3:1. Стрелци за домашните беа Сокол Чикачеши во 13, Ардијан Исмаили во 23 и Реји Манај во 62 минута од пенал, а за гостие Ајбол Абикен во 24 минута.

Во оваа група во водство пред последното коло е Белорусија со 10 бодови, пред Албанија која има 8 бодови, Литванија има 5 а Касахстан 4 бодови.