Лига на нациите: Италија и Белгија им се придружија на Франција и Шпанија

18 November 2020. EPA/FEHIM DEMIR

По селекциите на Франција и Шпанија во вторникот, пласман на завршниот турнир од елитната класа на Лигата на нациите на УЕФА во средата вечерта изборија и репрезентациите на Италија и Белгија.

Интересно е што на претстојниот финален турнир нема да настапи ниедна национална селекција која го избори пласманот на завршницата во првото издание на ова натпреварување. Имено лани во Португалија, покрај домаќинот играа и Англија, Германија и Швајцарија, а тутулата ја освоија Португалците кои во финалето ја совладаа Холандија со 1:0.

Белгија во директната пресметка за првото место во Леувен ја победи Данска со 4:2, а на домашните им беше доволен еден бод за освојувања на првото место.

Белгија поведе уште во 3 минута со голот на Тиелмнас, израмни Винд во 17 миута, а потоа Лукаку со головите во 56 и 69 минута ја доведе Белгија до предност од два погодока, Автоголот на Шадли во 87 минута ја вради Данска во игра, но само минута подоцна Де Брујне ги реши сите дилеми.

Во вториот меч од оваа група Англија го победи Исланд со 4:0. Стрелци за „Гордиот Албион“ беа Рајс во 20, Маунт во 24 и Фоден во 80 и 84 минута.

Белгија остана на врвот на мини-табелата со 15 бодови, Данска и Англија освоија по 10, а Исланд забележа шест порази.

Патот на завршниот турнир го завери Италија, којашто во Сараево со 2:0 ја победи Босна и Херцеговина. Стрелци неа Белоти во 22 и Берарди во 68 минута.

Во вториот натпревар од групата Холандија усепа во последниет петнаесетина минути да направи престврт на гостувањето кај Полска и да слави со 2:1. Полјаците поведоа во 6 минута со голот на Јозвиак, а првои Депаи израмни од 77 минута до сомнително досуеден пенал, а потоа во 84 минута Вијнанлдум по изведен корнер лошо со глава ја зафати топката но таа удри во грбот на еден од домшните играчи и заврши во полската мрежа.

На крајот Италија го освои првото место со 12 бодови, Холандија освои 11, Полска 7 а БиХ два бода.

Завршниот турнир на второто издание на Лигата на нациите на УЕФА ќе се одржи од 6-ти до 10-ти октомври следната година, додека жрепката ќе ги одреди полуфиналните двојки на 3-ти декември.

Турнирот на четирите селекции ќе се одигра во Италија, полуфиналните дуели се закажани за 6-ти и 7-ми октомври 2021 година, додека средбите за третото место и финалето на 10-ти октомври.