Лига на нациите: Португалија и без Роналдо пресилна за Хрватска, Франција успешна кај Шведска

Актуелните европски прваци Португалците беа убедливи со 4:1 со второпласираната селекција од последниот мундијал Хрватска во првото коло од Групата 3 во Лигата А во годинешното издание на Лигата на нациите, во кое светскот првак Франција со 1:0 славеше на гостувањето кај Шведска.

Португалија поведе кон крајот на првото полувремето откако дотогаш Хрватска во прв ред поради добрите одбрани на голманот Ливаковиќ одржуваше 0:0. Во 41 минута домашните поведоа преку Жоао Кансело, на 2:0 зголеми Диахо Јота во 58 а во 70 минута Жоа Феликс ја одведе својата селекција на „плус три“. Во самиот финиш, односно во судиското продолжение Хрватите успеаја да намалата на 1:3, но веќе три минути подоцна Андре Силва погоди за конечните 4:1.

Франција, пак, во истата група во Солна со голот на Килиан Мбапе во 41 минута ја победи Шведска. Светските прваци не покажаа убедлива игра, а во последните моменти од мечот Антоан Гризман не реализираше пенал за поубедлив резултат.

Во истата група Белгија на гостувањето во Данска ја потврди својата класа и висок пласман на рангирањето на ФИФА. Во Копенхаген Белгијците поведоа веќе во 9 мунута со голот на Денеје а во 77 минута победата ја потврди Дрис Мертенс.