Лига на нациите: Шкотска убедлива против Украина

Во заостанатиот натпревар од Групата 1 од Дивизијата Б од фудбалската Лига на нациите, селекцијата на Шкотска во Глазгов уверливо ја совлада Украина со 3:0.

Сите три погодока беа постигнати во последната четвртина на дуелот. Џон Мекгин ја доведе Шкотска во водство во 70 минута, а победата ја потврди Линдон Дајкс во 80 и 87 минута.

Шкотска со оваа победа се качи на врвот на табелата со девет бодови, два повеќе од Украина. Во групата се уште Ирска со четири и Ерменија со три бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.