Лига на шампионите: Барса против ПСЖ, Атлетико на Челзи

14 December 2020, in Nyon, Switzerland. EPA-EFE/Harold Cunningham / UEFA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во Нион во понеделникот беше извршено жребувањето за осминафиналните двојки во Лигата на шампионите, а најатрактивните двојки се Барселона – Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид – Челзи.

Во осминафиналето се пласираа по четири германски и шпански екипи, по три италијански и англиски, и по еден француски и португалски тим.

Победниците од фазата на натпреварувањето по групи беа носители во жребот, а ќе ја имаат и предноста на домашниот терен во реванш натпреварите.

Клубовите од иста земја, како и оние кои веќе играа во исти групи во првата фаза, не можеа да се сретнат во осминафиналето.

Актуелниот европски шампион минхенски Баерн ќе игра против Лацио, Реал Мадрид против Аталанта, Челзи ќе се соочи со Атлетико Мадрид, додека се очекува жестока пресметка и во двомечот меѓу Бурусија Дортмунд и Севилја, кои се некои од двојките.

Првите мечеви од осминафиналето ќе со играат на 16-ти и 17-ти, како и на 23-ти и 24-ти февруари следната година, а реванш дуелите се закажани за 9-ти и 10-ти односно 16-ти и 17-ти март.

Финалето на Лигата на шампионите за оваа сезона би требало да се одигра на 29-ти мај на „Олимпискиот стадион“ во Итанбул.

Двојки осминафинале ЛШ:

Лацио (Италија) – Баерн (Германија)

Севилја (Шпанија) – Борусија Дортмунд (Германија)

Атлетико Мадрид (Шпанија) – Челзи (Англија)

Порто (Португалија) – Јувентус (Италија)

РБ Лајпциг (Германија) – Ливерпул (Англија)

Борусија Менхенгладбах (Германија) – Манчестер Сити (Англија)

Барселона (Шпанија) – ПСЖ (Франција)

Аталанта (Италија) – Реал Мадрид (Шпанија).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.