Лига на шампионите: Левандовски се одвои од Бензема

Со трите погодоци во победата на Барселона од 5:1 над Викторија Ползен, полскиот напаѓач Роберт Левамдовски стаса до бројката од 89 голови во Лигата на шампионите.

Левандовски досега го делеше третото место со францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, од кого сега има три погодоци повеќе.

На првите две мнеста се недостижните Португалецот Кристијано Роналдо со 140 и Аргентинецот Лионел Меси со 125 голови во најелитното фудбалско натпреварување на Стариот континент.

Најдобри стрелци во Лигата на шампионите:
140 – Кристијано Роналдо
125 – Лионел Меси
89 – Роберт Левандовски
86 – Карим Бензема
71 – Раул
59 – Андриј Шевченко
56 – Руд ван Нистелрој
52 – Томас Милер
51 – Тиери Анри
50 – Филипо Инзаги…