Лига на шампионите: Мбапе во продолжението за победа на ПСЖ, Сити незапирлив

Фудбалерите на Манчестер Сити го потопија Спортинг среде Лисабон со 5:0 во првиот диел од осминафиналето на Лигата на шампионите, додека Пари Сен Жермен во судиското продолжение оствари предност во двомечот со мадридски Реал.

Реал сѐ до четвртата минута од судиското продолжение на натпреварот жестоко се бранеше и ги чуваа 0:0, но потклекнаа во последните секунд. Тогаш Килиан Мбапе прими топка по левата страна, во трк мина меѓу Едер Милитао и Лукас Васкез, а потоа топката ја протна под Тибо Куртоа за 1:0.

Од самиот почеток на мечот на „Паркот на принцевите“ домашниот ПСЖ се постави напаѓачки, а Реал во цврсти два блока во намерата да ги сочува почетните 0:0. Веќе во 6 минута ПСЖ се закани, а шансата ја пропушти Анхел Ди Марија, жестокиот ритам на парижаните продолжи, а гостинската одбрана постојано имаше проблеми со Мбапе и Ди Марија.

Но откако спласна првичниот налет на домашните, Реал малку здивна но и натаму неговите напади беа многу ретки и изгледаше офанзивно целосно немоќно. Новиот удар на ПСЖ следеше на почетокот од второто полувреме, а во 50 минута изведе брза и прецизна акција со милиметарски додавања од прва, но завршниот прецизен шут на Мбапе со фантастична реакција го запре Куртоа. Нападите на ПСЖ продолжија во бранови, а во 61 минута Карвхал го собори Мбапе во шеснаесетникот, но Куртоа уште еднаш го спаси Реал бранејќи го ударот на Лионел Меси од белата точка.

Во последните 20 минути во игра влезе Нејмар, ПСЖ имаше уште два брана жестоки напади, но Меси од слободен урад па Мбапе и Нејмар не успеаја да погодат. Сепак, на „Сантјаго Бернабеу“, парижаните ќе одат со гол предност, благодарејќи на соло акцијата на Мбапе.

Се чини дека Манчестер Сити е веќе во четвртфиналето, откако протатне низ Лисабон во првата средба со Спортинг. Иако португласкиот претставник играше одлично во групната фаза, ја елиминираше и Борусија Дортмунд а игра многу добро и во домашното првенство, против Сити не можеа ништо да сторат.

Манчестер Сити многу брзо дојде до два гола преднсот. Веќе во 7 минута по убава, брза и точна акција за 1:0 погоди Ријад Махрез. Притоа ВАР-от анализираше дали станува збор за офсајд, но почетното водство на Сити беше потврдено. Не мина долго а следеше мајсторскиот погодок на Бернардо Силва за 2:0, кој во трк ја зафати топката и одлично ја смести под пречката. Канонадата на гостите продолжи до крајот на првиот дел со головите на Фил Фоден и уште еднаш Бернардо Силва, а во вториот дел за конечните 5:0 погоди Рахим Стерлинг.

Реваншот за натпреварите во Манчестер и во Мадрид ќе се играат на 9-ти март.

Во средата, со почеток во 21 часот, првите натпревари од осминафиналето ќе играат РБ Салцбург и минхенски Баерн, односно милански Интер и Ливерпул.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.