Лига на шампионите: Предност за Манчестер Сити и Интер

Во првите натпревари од четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони одиграни во вторникот вечерта, Манчестер Сити на домашен терен го победи минхенски Баерн со 3:0 (1:0), додека Интер како гостин во Лисабон беше подобар од Бенфика со 2:0. (0-0).

На „Етихад“, Родри со прецизен удар од околу 20 метри во горниот десен агол во 27 минута ги доведе домашните во водство, а Бернардо Силва во 70 минута го зголеми водството. Претходно Грилиш му ја одзеде топката на Упамекан на 25 метри од голот на Баерн и со петица го проигра Халанд кој одлично нафрли до Бернард кој со глава го совлада Зомер. Конечниот резултат го постави Халанд во 77 минута, Алварез нафрли во шеснаесетникот, а Стоунс со глава ја спушти топката за Халанд, кој се прикраде зад невнимателниот Павард.

На стадионот „Луж“ во Лисабон, Интер поведе со голот на Барела, кој во 51 минута со глава го спроведе центаршутот на Бастони во мрежата, а Лукаку ја потврди победата од пенал во 82 минута, откако Жоао Марио невнимателно ја крена раката кога се обидуваше да блокира уфрлување од Дамфрис.

Во среда првите четвртфинални натпревари ќе ги одиграат Милан – Наполи и Реал Мадрид – Челзи.

Реванш натпреварите е играат следната седмица.