Лига на шампионите: Севилја и Челзи во продолжението осигураа осминафинале

Фудбалерите на Севилја и на Челзи во вторникот вечерта со идентиничните гостински победи од 2:1 во последните моменти во Краснодар и Рен во дуелите од четвртото коло од Групата Е на Лигата на шампионите обезбедија пласман во осминафиналето на елитното континентално натпреварување.

Водечкиот погодок за Севилја, Иван Ракитиќ веќе во 4 минута. Окампос нафрли од десната страна, бразилскиот бек на Краснодар, Пантелео со главата ја одби топката на 20-ина метри каде на неа натрча повратникот од Барселона и со прецизен полуволеј го погоди долниот десен агол на домашниот гол. Домашните израмнија во 56 минута, кога ја изиграа одбраната на Севилја, а Вандерсон од десетина метри ја испрати топката во гостинската мрежа.

Сѐ до петтата минута од судиското продолжение Краснодар имаше реми, но тогаш снаодливиот Ел Хадади во домашниот шеснаесетник на Севилја ѝ обезбеди пласман во осминафиналето на две кола пред крајот на групната фаза.

Челзи до водечкиот погодок во Рен стаса во 22 минута, кога Моунт освои топка длабоко на својата половина и со прецизно додавање го проигра Калум Хадсон-Одои кој во спринт од половината на теренот излезе сам пред истрчаниот домашен голман Гомис и го совлада од работ на шеснаесетникот.

Французите во второто полувреме упорно бараа израмнувачки погодок и до него дојдоа во 85 минута кога по изведен корнер Серу Жирасу од пет метри со глава ја смести топката под пречката на немоќниот Медин. Тоа беше првиот гол кој Челзи го прими во годинешната кампања во Лигата на шампионите.

Меѓутоа, во првата минуте од судиското продолжение Челзи ја избори победата која му го обезбедни пласманот во осминафиналето. Едно погрешно додавање на 30 метри од домашниот гол го доведе Тимо Вернер во чиста шанса, но Гомис го одрани шутот на Германецот. Но за негова несреќеа на високо одбиената топка натрча Оливеи Жиру и со глава ја испрати во мрежата за 2:1.

Челзи и Севиља се на двете водечки места на мини-табеалта со по 10 бодови, додека Краснодар и Рен се со по еден бод и во следните две кола ќе се борат за третото емсто кое носи пласман во нокаут фазата на Лига Еропа.