Лига на шампионите: Вилјареал го елиминираше Јуве во Торино

Фудбалерите на Вилјареал приредија во средата вечерта своевидна сензација откако во реванш дуелот во осминафиналето на Лигата на шампините во Торино го елиминираа домашниот Јувентус со 3:0 откако првиот меч заврши со резултат 1:1.

Головите за големата победа на шпанскиот претставник и за пласман во четвртфиналето беа постигнати во последните петнаесеттина минути и тоа од два пенала, а стрелци беа Жерат Морено во 78 минута од пенал, Пау Торес во 85 и Арно Данжума од пенал во втората минута од судиското продолжение на натпреварот.

Така Јувентус трета сезона со ред е елиминиран во осминафинелето, откао лани ги исфрли Порто а една година претходно и Лион. Од друга страна, за Вилјареал ова е само трет настапа во фазата на елиминации во Лигата на шампионите. Во дебито во 2006-та дојдоа до полуфиналето, а три години подоцна до четвртфиналето а двата пати беа елиминирани од Арсенал.

„Старата дама“ од Торино во првиот меч на „Ел Мадригал“ поведе со голот на Душан Влаховиќ по само 30 секинди игра, а како го отвори дуелот се чинеше дека рутински ќе дојде до четвртфиналето. Но Вилјареал дома успеа да израмни, а на гости приреди и сензација.

Јуве и во вториот дуел беше поблиску до првиот погодок за што имаше неколку одлични шанси, но „Жолтата подморница“ во финишот истрела три „торпеда“.

Првата шанса ја имаше Јувентус во 11 минута кога Хуан Квадрадо нафрли во шеснаесетникот, а Алваро Мората шитираше со глава но Херонимо Руљи одлично реагираше на гостинскиот гол. Во 20 минута Душан Влаховиќ одлично шутираше од врвот на шеснаесетникот, но Руљи повторно беше на мести. Само две минути подоцна Руљи беше совладана но овојпат го спаси стативата, откако Матија де Шиљо одлично нафрли од левата страна, а Влаховиќ во трг биеше но ја погоди пречката. Единствената сериозна прилика во првиот дел гостите ја имаа во 24 минута, кога Џовани Ло Селсо остана сам на работ на шеснаесетникот но шутираше крај голот.

Во продолжението Јувентус ја имаше доминацијата но не создаваше многу шанси. Адриен Рабио шутираше во 58 минута од убава позиција но недовлно силно и недоволно прецизно. Четири минути подоцна шанса имаше и Влаховиќ, но немаше промена на резултатот.

Вилјареал во вториот дел не покажа амбиции кон противничкиот гол сѐ до 77 минута кога Франсис Кокелен падна во домашниот шеснаесетник по стартот на Даниеле Ругани а судијата Шимот Марцинијак по проверката на снимката досуди пенал, кој го реализираше Морено.

Седум минути подоцна шпанскиот тим го постигна и вториот погодок и се чини тогаш и го завери четвртфиналето. Парехо нафрли од корнер, Серж Орие со глава ја префрли топката на втората статива каде Торес ја пречека за 2:0. Конечниот удар Вилјареал го зададе во судиското продолжение, повторно од пенал кога Морени шутираше а Де Лихт го блокираше неговиот удар со рака и Донжума реализираше.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.