Ликвидирани двајца џихадисти кои убија 18 луѓе во ресторан во Буркина Фасо (ВИДЕО)

Безбедносните сили на Буркина Фасо ги ликвидирале двацјата напаѓачи во турскиот ресторан кои доцна ноќта кон понеделникот убија најмалку 18 и ранија уште осум лица во главниот град на Буркина Фасо, изјави министерот за комуникации Реми Данџину.

Претходно агенцијата Reuters јави дека се убиени тројца осомничени напаѓачи, додека во тоа време безбедносните сили се обидуваа да ги ослободат луѓето кои останаа заробени во објектот.

Жена изјавила дека била на роденденска прослава на својот брат кога започнало пукањето. „Само што истрчав, но мојот брат остана во зградата“, ја пренесе Reuters TV изјавата на овој очевидец.

„Станува збор за терористички чин“, изјави министерот за комуникации, Реми Данџину во врска со нападот во турскиот ресторан „Aziz Istanbul“ во главниот град Уагадугу.

Буркина Фасо, како и другите земји од западна Африка, повремено е цел на напади на џихадитички групи, коишто делуваат во подрачјето Сахел.

Во јануари 2016 година во нападите врз ресторан и хотел во Уагадугу беа убиени 13 луѓе, а за тој напад одговорноста ја презема групата Ал Каеда на исламскиот Магреб.