Лилјана, Христијан и Емри добија трансплантиран бубрег и се во добра здравствена состојба

Лилјана (42), Христијан (19) и Емри (27) се тројца пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег.

Тие се во добра здравствена состојба, среќни и задоволни дека повеќе не одат на дијализа. Пациентите почнаа повторно нормално да функционираат, објави Министерството за здравство на официјалниот фејсбук профил.

-Многу сме горди на тимот од клиниките на нефрологија и урологија кои го даваат својот максимум за третман на овие пациенти. Голема благодарност до д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и Проф. Гоце Спасовски за неуморната работа и грижата која секојдневно им ја даваат на нашите пациенти. Продолжуваме да се грижиме за здравјето на секој пациент, затоа што нема ништо повредно од спасен човечки живот, наведува Министерството за здравство.