Лил го доби дербито со Рен, ПСЖ ремизираше со Ница

Во дербито од 16-то коло од француското фудбалско првенство Лил на гостувањето го победи Рен со 2:1, Ница на „Паркот на принцовите“ одигра без голови против водечкиот ПСЖ, а Монако со 3:1 го совлада Анже.

Лил поведе во 31 минута со голот на Ксека а во 45 минута водството го удвои Ренато Санчез. Во 85 минута Бенжамин Буриго само ги врати надежите на домаќините.

Монако кај Анже ја впиша првата лигашка победа во последните пет кола. Гостите од Кнежевството поведоа во 25 минута со голот на Миро Боаду, а во последните моменти од првиот дел Софиан Диоп зголеми на 2:0. Анже намали во 55 минута кога Александер Нубел лошо реагираше затресувајќи ја својата мрежа, но победата на Монако ја потврди Аксел Дисаси во 73 минута.

Марсеј на гостувањето го побед Нант со 1:0, а решавачкиот гол на Жерсон Сантос да Силва во 30 минута. Само две минути подоцна Нант остана со играч помалку откако беше исклучен Николас Палоа.

ПСЖ и Ница одиграа во Париз без голови. Домашните имаа дури 70 отсто посед на топката, дури 22 удари кон противничкиот гол но не успеаја да ја пробијат гостинската одбрана.

Стразбур во мечот со седум голови го победе Бордо со 5:2, туркајќи ги Жирондинците во зоната на испаѓање.

Брест со 1:0 го совлада фенерџијата Сен-Етјен впишувајќи ја петтата последователна победа откако во првите 11 кола не оствари ниедна. Решавачкиот гол го постигна Ромен Февр од пенал во 64 минута.

На табелата води ПСЖ со 41 бод, Марсеј се проби на второто место со 29 бодови, Рен е трет со 28, Ница има 27 а Ланс 26 бодови. Монако е седми со 23 бодови, а актуелниот првак Лил е на 12-то место со 21 бод.