Лил и ПСЖ во мртва трка по титулата

Фудбалерите на Пари Сен Жермен во саботата само на два часа го преземаа врвот на табелата на кој повторно е Лил откако во саботата во дуелите од 35-то коло на француското првенство и двата тима остварија победи.

Лил на домашен терен немаше посебни проблеми и славеше со голивите на двајцата турски интернационалци Бурак Јилмаз во 13 и Мехмет Зеки Челик во 55 минута. Работата на домашните им ја олесни и исклучувањето на играчот на Ница, Жордан Лотомба во 48 минута.

Петходно ПСЖ со 2:1 го совлада Ленс. Парижаните поведоа во 33 минута со голот на Нејмар, а бразилската ѕвезда во 59 минута му асистираше на сонародникот Маркињос за удвојување на водството. Ленс успеа само да намали во 61 минута со голот на Игнатиус Ганаго.

Лил е прв на табелата со 76 бодови, бод повеќе од ПСЖ, а ги следат Монако со 71 и Лион со 67 бодови кои во недела го играат дербито на колото. Ленс остана петтопласиран со 56 бодови, а Ница деветта со 46 бодови.