„Лил“ нуди 3,8 милиони евра за Адеми

159

„Лил“ му понудил на „Динамо“ 3,8 милиони евра за Аријан Адеми, но од Загреб глатко ја одбиле понудата на Французите за својот капитен.

Сепак, од „Динамо“ не ја спуштиле рампата за евентуален трансфер на македонскиот репрезентативец, но под подобри услови, пишува „Јутарњи Лист“.

Според весникот, станува збор за добра понуда, ако се има во предвид дека Адеми не играше две години поради суспензијата поради допинг.
Се шпекулира дека „Динамо“ ќе го искористи Адеми во наредните два месеци да оствари пласман во Лигата на Шампиони, по што би бил волен да го ослободи Адеми и да се реализира трансферот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.