Лил се зацврстува на втората позиција

Второпласираниот тим во француското фудбалско првенство Лил во првиот дуел од 23-то коло на свој терен виско со 4:0 (2:0) ја совлада Ница.

Стрелци за Лил беа Рафаел Леао во 7, Николас Пепе во 37, Жонатан Бамба во 75 и Лоак Реми во четвртата минута од судиското продолжение на мечот.

Лил сега има 46 бодови, дури 10 помалку со три натпревара повеќе од водечкиот Пари Сен Жермен, а шест повеќе со меч повеќе од третиот Лион. Ница е седма со 34 бодови.