Лил со пресврт до победата и првото место

Во дербито од 34-то коло на француското фудбалско првенство во неделата, Лил на гостувањето го совлада Лион со 3:2 и се врати на врвот од табелата.

До извонредно важните бодови дојде иако имаше заостанување од 0:2, а творец на големиот пресврт беше Бурак Јилмаз кои постигна два погодока со една асистенција.

Домашните поведоа во 20 минута со голот на Ислам Слиманија, а 15 минути подоцна Хозе Фонте ја затресе сопствената мрежа за водство на Лион од 2:0. Во последните моменти од судиското продолжение од првото полувреме намали од слободен удар, а во 60 минута му аситрираше на Жонатан Давид за израмнување на 2:2. Целосниот пресврт се случи во 85 минута кога Јилмаз со својот втор погодок ги доведе гостите во предност.

Лил со оваа победа се врати на првото место со 73 бодови, бод повеќе од вториот Пари Сен Жермен, трет е Монако со 71 бод, а четврти е Лион со 67 бодови, со кој се затвора кругот на екипите кои обезбедуваат пласман во европските купови следната сезона.

Монако претходно со погодокот на Висам Бен Једер во 79 минута победи на гостувањето кај Анже, кој сега е 12-ти на табелата со 41 бод. Ова беше петтата последователна победа на тимот од Кнежевството со гол разлика 15:0.

Ница со 3:1 дома го победи Монпелје кој поведе уште во 3 минута преку Гаетан Лаборд. Но домашните израмнува веќе по три минути игра со голот на Хишам Бидауи, а потоа со два брзи погодока на Жан-Клер Тодибо во 39 и Алексис Клод Морис во 40 минута.

Монпелје ја задржа осмата позиција со 47 бодови, а Ница е место подолу но сега со само бод помалку.

Лориен со 4:1 го совлада Бордо, благодарејќи на хет-трикот на Терма Мофи кој погоди во 20, 43 и 89 минута, а во 18 минута водчкиот погодок го постигна Јоан Виса. Исув Сисико во 84 минута само го ублажи поразот на Жирондиците.

По петтиот последователен пораз и дури 11-ти во последните 13 кола, Бордо е сѐ поблиску до зоната на испаѓање. На четири кола пред крајот има само четири бодови повеќе од зоната на испаѓање, 16-ти со 36 бодови. Лорион е место подолу со бод помалку.

Убедлива победа од 5:1 впиша Рен над фенерцијата Дижон, кој поведе уште во 9 минута од пенал кој го постигна Јасин Бензиа. За домашните стрелци беа Мартен Териер во 15 и 71, Флавиен Тати во 72, Герзино Ниамси во 81 и Клемент Грениер во втората минута од судиското продолжение.

Рен е седми со 54 бодови, без изгледи за посериозно баредување на табелата, а Дижон остана на сао 18 бодови.

Нант оствари гостинска победа со пресврт кај Стразбур. Домашните поведоа во 43 минута, а за госите стрелци беа Жан-Шарл Кастајето во 53 и Лудовик Блас во 76 минута.

Нант сега има 31 бод на 18-то место колку што има и Нимс на 19-то место кое директно води во втората лига.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.