Лил спаси бод дома против Монпелје

Во првиот натпревар од 33 коло на француското фудбалско првенство Лил испушти можност да ја зголему бодовната предност на врвот на табелата откако во петокот вечерта одигра само 1:1 на домашен терен со Монпелје.

Гостите од Монпелје поведоа во 21 минута со погодокот на Едни Делорт, додела за Лил израмни Луиз Араухо во 85 минута.

Лил сега има 70 бодови, четири повеќе со натпревар од второпласираниот Пари Сен Жермен а пет односно шест бодови повеќе од трето и четирипласираните Монако и Лион. Монпелје моментално е осми на табелата со 47 бодови.