Лилард со 31 поен го предводеше Портланд до триумфот над Њујорк

Портланд забележа убедлив триумф со 115:87 над Њујорк на натпреварот одигран утрово кој го одбележа Дејмиан Лилард со 31 постигнат поен.

За Портланд ова беше десетта победа на 25 одиграни средби оваа сезона, додека Њујорк е тимот со најлош биланс досега со само четири победи и дури 20 порази.

Резултати на другите три натпревари од НБА лигата играни ноќта вторник кон среда:

Шарлот – Вашингтон 114:107
Мајами – Атланта 135:121
Филаделфија – Денвер 97:92.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.