Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата

По суспензијата на Вилма Русковска, нејзиното место според годишниот план за распоред на обвинители ќе го преземе обвинителката Лиле Стефанова. Стефанова ги водеше случаите Империја и Плацеви на Водно кои беа отпочнати во СЈО.

Русковска за Телма вели дека дополнително ќе одлучи кому ќе ги предаде двете предистраги кои ги води за работењето на финансиката полиција и истрагата за техничките центри при МВР.

Русковска ја пишува и жалбата до советот на јавни обвинители против одлуката на државнито обвинител Љубомир Јовевски за нејзино оддалечување од предметите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.