Лиле Стефанова: Мислењата за пуштање од куќен притвор и враќањето на пасошите се потпишани од Јанева

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова во изјава за медиумите рече дека нема потпишано ниту една одлука за пуштање од притвор за осомничено лице, ниту пак за враќање на патните исправи.

„Согласно законот за СЈО сите одлуки, секој спис кој излегува единствено го потпишува Јанева. Или во нејзино име овластени обвинителите. Јас немам потпишано ниту една одлука излезена од ова обвинителство. Ниту мислењата за пуштање од куќен притвор, ниту враќањето на пасошите на Панделески и камчев“, изјави специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова и повторно демантираше дека во нејзиниот дом е извршен претрес.