Лиле Стефанова згрозена од снимката за „Рекет“

724

Прв пат ова утро, снимката која ја пласираше италијанскиот медиум а која се однесува на случајот „Рекет“ и осомничениот во истиот, ја видела и обвинителката Лиле Стефанова.

Стефанова која ја водеше истрагата за „Империја“, за ТВ24 го кажала токму тоа.

Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителството за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата“ – изјавила во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.