Лимузините пред Вила Водно ги користи мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, снимени се без одобрување на Кабинетот на претседателот

Фотографиите се направени без дозвола и знаење на кабинетот на претседателот, а против лицето ќе биде поднесена пријава за недозволено фотографирање на претседателскиот кабинет, реагираа во неделата од Кабинетот на шефот на државата.

Имено, на интернет огласникот „Реклама 5” се нудат за продажба возила од марката „мерцедес“ кои се фотографирани во дворот на резиденцијата на претседателот на државата. Како што пишува порталот Експерс.мк, според фотографиите се работи за возила од приватна агенција за рент–а– кар, односно за изнајмување на луксузни автомобили.

„Во врска со написите дека на портал за огласување се продаваат возила фотографирани во делокругот на „Вила Водно“ каде што е лоциран Кабинетот на претседателот, информираме дека се работи за возила кои не се во сопственост на Кабинетот, ниту во употреба за претседателот, службите за негова поддршка или, пак, во сопственост на вработените“, реагираат од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.

Според информациите со кои располага Кабинетот на шефот на државата, станува збор возила на сопственик на компанија ангажиран од страна на ОБСЕ/ОДИХР, при средба на шефицата на ОБСЕ/ОДИХР мисијата за набљудување на изборите во март 2020 година со претседателот Пендаровски.

Воедно ќе бидат информирани и претставниците на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.