Лина Ѓорческа стигна до финалето во Тунис

По одиграниот полу-финален натпревар меѓу најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и тенисерката од Хрватска, Петра Мартиќ на турнирот во Тунис, Ѓорческа ќе се бори за првото место.

Ѓорческа не влезе најдобро во натпреварот и првиот сет го изгуби со 3-6. Но потоа Лина брилијантно се врати во натпреварот и во следниот сет успеа со 6-4 да стигне до 1-1 во сетови, а третиот сет повторно со 6-4 го освои и така стигна до заслужена победа.

Таа во финалето ќе игра против холанѓанската тенисерка, Ричел.