Лина Ѓорческа во четвртфиналето на турнирот во Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари втората победа и се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во Истанбул, Турција.

Ѓорческа во второто коло по три часа и 33 минути игра ја совлада домашната тенисерка Илај Јорук.

Македонска тенисерка победи со 7:6, 5:7, 7:5 по сетови, обезбедувајќи место меѓу најдобрите осум на турнирот во поединечна конкуренција.

Ѓорческа утре во четвртфиналето ќе се соочи со руската тенисерка Дарија Кружкова.

Турнирот во Истанбул се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.