Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа избори пласман во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Куршумлиска Бања што се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ѓорческа се претстави во одлично издание во денешната пресесметка против Кајса Риналдо Персон (осма носителка) која ја совлада со 2-0 во сетови.

Лина беше на далеку повисоко ниво и со 6-2 и 6-3 оствари триумф која ја однесе во наредната рунда во која ќе ги одмери силите со Кристина Дину, тенисерка која многу добро ја познава со оглед на тоа што во минатото се имаат соочувано, но имаат и освоено доста титули играјќи заедно во конкуренција на двојки.

Македонската е трета носителка, додека Романката е осма фаворитка на турнирот што се игра на земјена подлога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.