Линдберг во составот на Хамбург за реваншот со Вардар

Германскиот ракометен клуб Ханбург во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите  против македонскиот шампион Вардар, ќе биде засилен со крилниот ракометар  Ханс Линдберг, кој заради повреда мораше да апстинира шест недели.

„Работев напорно во изминатиот период, а вчерашниот тренинг го издржав без никаква болка. Со нетрпение го очекувам својот камбек, едвај чекам да му помогнам на тимот во следните предизвици, како во Бундеслигата, така и во Лигата на шампионите“ , изјави Линдберг.

Данецот се повреди на дуелот против Мелсунген на 13 февруари, на кој постигна 15 погодоци, па дури по завршувањето на средбата беше утврдено дека станува збор за скршеница на еден од прстите на раката. Тој минатата сезона беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, Бундеслигата и во Купот на Германија.