Линдзи Вон се враќа на скијачките патеки

Четирикратната светска шампионка Линдзи Вон го објави своето враќање во Светскиот скијачки куп по повредата и операцијата на левото колено.

– Сè уште не сум постигнала сè! Беше тешко шест недели, но сега повторно ќе скијам и ми е драго што ќе се вратам на почетокот, објави Вон на Инстаграм.

 

Пред само три месеци, Американката објави дека по завршувањето на сезоната ќе се пензионира поради честите повреди, иако нејзиниот план беше да остане на скијачките патеки до 2020 година.

Триесет и четиригодишната Вон има 82 победи во Светскиот куп, само четири помалку од рекордерот Ингемарк Стенмарк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.