Линеарна бетонска куќа на брдо на грчко островче

Островот Кеа близу Атина, последниве години станува се’ повеќе популарен меѓу туристите од целиот свет, но се’ уште го чува изворниот грчки шарм, кој не се открива толку лесно.

Една од многуте причини е и оваа едноставна, но многу ретка, можеби и единствена куќа на стрмно брдо, која со своите прозори преку цел ѕид, гледа кон Егејското Море, опкружена со дива природа.

Автор на оваа градба наречена „паралелна куќа“ е студиото Ен Рут Архитектс од Атина.

  • Паралелната куќа е изградена како моќен, но минимален контраст во однос на изгледот на околината. Преку овој контраст и вградувањето скриени елементи, акцентот е ставен на максималното доживување на самиот пејзаж, истакнуваат главните архитекти Катерина Куркула и Ханс Ливерс Гутберлет.

Дворот е одвоен од спалната и дневната соба со лизгачки врати, а на едниот крај се наоѓа накривена тераса со вградена туш кабина.

За обезбедување електрична енергија и топлина, се користат сончеви панели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.