Линхарт – Османи: Се надеваме дека во декември ќе почнат преговорите со ЕУ

24

За итниот почеток на преговорите, значи во декември, ние се залагаме интензивно. Тоа е прозорец на можности и за Албанија и за Македонија, и за ЕУ и партнерите. Се надеваме дека стартот на преговорите ќе биде означен во декември, изјави австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи, Михаел Линхарт, на денешната прес-конференција во Скопје со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Сакаме да им дадеме европска перспектива на земјите од Западен Балкан. За таа цел треба да им дадеме преговори уште сега, во декември, на Македонија и на Албанија. Граѓаните на овие земји треба да ги поврземе со ЕУ со повеќе мерки,“ рече Линхард, кој допатува денеска во посета на Скопје.

Османи изјави дека во спортот со Бугарија, С Македонија беше конструктивна страна во процесот.

„Ние сме многу проактивни за преговорите со ЕУ. Треба да се зачува политичката стабилност. Ова е период што ќе ја детерминира европската иднина на земјата. Се надеваме на одлука за старт на преговорите во декември, но тоа зависи и од тоа дали дотогаш ќе има нова влада во Бугарија. Гледаме дека 26 земји од ЕУ се за тоа дека тоа треба да биде во декември. Дали ќе биде месец пред или потоа зависи и од тоа кога Бугарија ќе има нова Влада. Важно е дека ние не дозволивме да бидеме дел од проблемот, туку сме дел од решението“, рече Османи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.