Лино Червар поднесе оставка по поразот од Аргентина

Аргентинската селекција приреди изненадување на ракомтниот мундијал во Египет, совладувајќи ја во аботата репрезентацијата на Хрватска со 23:19 (12:12), во рамките од второто коло во главната рунда.

„Гаучосите“ триумфот го најавија со маестралниот почеток на мечот кога поведоа со 5:0. „Коцкестите“ до крајот на првиот дел се вратија во игра со израмнувањето на 12:12 и поведоа на стартот од второто полувреме, но Аргентинците беа порасположени за игра.

Поразот од Аргентина е голем удар за амбициите на Хрватска. На онлајн средбата со медиумите, хрватскиот селектор Лино Червар изјави дека заминува од селекторската позиција по завршување на мундијалот.

„Ако селекцијата му игра вака на решавачки натпревар, тој селектор не заслужува да ја води повеќе Хрватска. Жал ми е што вака заминувам. Ќе дадам поддршка за мојот наследник, но многу жалам што вака го одигравме одлучувачкиот натпревар“, изјави Червар.